ИОМ: Годинава приближно 3.000 мигранти загинаа во Средоземно Море
Меѓународната организација за миграции (ИОМ) денеска соопшти дека очекува бројот на загинати луѓе во Средоземно Море од почетокот на годината, во следните денови да се искачи до 3.000.
- Од почетокот на годината во обид да го преминат Средоземно Море загинаа 2.977 мигранти и бегалци. Се претпоставува дека има уште околу 25 тела на бродовите кои во моментот се движат кон италијанскиот брег, се наведува во соопштението на ИОМ.
Портпаролот на ИОМ, Џоел Милман наведе дека границата од 3.000 смртни случаи во Средоземно Море во 2014 година била достигната во септември, а во 2015 во октомври.
Речиси сите смртни случаи годинава се регистрирани на маршрутата меѓу Либија и Италија.
- Миграцискиот бран по посигурната и пократката маршрута меѓу Турција и Грција речиси е исчезнат, наведе Милман.
Ново на Сител
-
Годишно обраќање на претседателката Гордана Сиљановска Давкова пред пратениците
-
Филипче со критики за шест месеци Влада - Повика на државно обединување
-
Мицкоски најавува нови мерки за справување со високите цени
-
Мицкоски: Криминалите во Државна лотарија се многу поголеми од 8 милиони евра
-
Села обвинува за непочитување на волјата на граѓаните на последните избори
-
Целосно се исплатени субвенциите за земјоделците
-
600 семејства се на работ на сиромаштијата
-
Преглед на вестите од светот