ИОМ: Најмалку 57 лица се удавија во превртен брод кај либискиот брег
Најмалку 57 лица денеска се удавија во Средоземно море откако нивниот брод се преврте крај крајбрежниот либиски град Кумс, соопшти Меѓународната организација за миграција на ОН (ИОМ), јави ДПА.
„Рибарите и крајбрежната стража донесоа неколкумина преживеани на брегот од Либија“, напиша портпаролката на ИОМ, Сафа Мшехли, на Твитер, без да прецизира колку луѓе биле спасени.
Преживеаните изјавиле дека најмалку 20 жени и две деца се меѓу оние кои се удавија, додаде Мшехли.
Денешната трагедија се случува на помалку од една недела откако околу 20 мигранти се удавија во Средоземното море, додека 500 беа пресретнати и вратени во Либија.
Во првата половина од годината речиси 15.000 мигранти беа пресретнати од либиската крајбрежна стража, поддржана од ЕУ, што според Обединетите нации е повеќе од оние кои се вратија во цела 2020 година.
Ново на Сител
-

Ново судење за апелациониот судија Ѓоко Ристов
-

Премиерот Мицкоски на Самит на Берлински процес во Црна Гора
-

СДСМ: Следува нов ценовен удар - Мицкоски одбива повисоки плати, граѓаните тонат во сиромаштија
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5%
-

Собраниска дебата за измени на Законот за Народен правобранител
-

Се засилува заштитата на јагулата
-

Преглед на вестите од светот
-

Може ли бранот на немири да ја зафати цела европа?
