Свет
24. January 2016 - 11:36

Ирачки бегалци пристигнуваат да живеат во Чешка

Во Чешка денеска на аеродромот Вацлав Хавел ќе пристигнат 27 ирачки христијански бегалци, првата група од вкупно 153 кои постепено ќе допатуваат, јави дописникот на МИА од Прага. 

Шесте семејства се дел од прераспределбата меѓу земјите на Европската унија и ќе бидат сместени во Јихлава во јужниот дел на Републиката.