Ирак демантира дека турски војници учествуваат во битката за Мосул
Турција не учествува во операцијата за ослободување на Мосул од групата „Исламска држава", се наведува во соопштението од ирачката команда.
Анкара претходно соопшти дека пружа воена поддршка во оваа битка.
„Ирачката оперативната команда негира дека Турција учествува во каква било форма во операциите за ослободување на Ниневија“, провинцијата чиј центар е Мосул, се вели во соопштението на командата.
Вчера, турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави дека турската артилерија нанела удари на позиции на ИД во северен Ирак - во градот Башика, на околу 25 километри од Мосул. Тој прецизираше дека интервенцијата е извршена по барање на ирачките курдски борци Пешмерга, кои се борат против џихадисти во оваа зона.
Во последните денови ирачките Курди се пожалија дека меѓународна антиџихадистичка коалиција, предводена од САД, нанесува премалку воздушни напади како поддршка на нивната копнена офанзива.
Ново на Сител
-
Приведени крадци од Боговиње
-
Изгаснат пожарот во Бутел 1, опожарен и дел од кровната конструкција на соседната барака
-
Автоматски пушки и муниција пронајдени во селото Грешница, поведена истрага
-
Суд во САД: Свршеничкиот прстен му припаѓа на давателот по раскин на веридбата, без оглед чија е вината
-
Виртуелен приказ на базиликата „Свети Петар“ во Ватикан
-
„Битлс“ и „Ролинг стоунс“ се „Греми“ соперници и во 2025 година
-
Дуелот Бешикташ – Макаби преместен во Унгарија
-
Белингем го освои трофејот „Ди Стефано“