Свет
26. February 2017 - 9:20

Ирак: Кај Мосул пронајдена масовна гробница со четири илјади тела

Масовната гробница во која, како што се претпоставува се наоѓаат околу четири илјади тела е пронајдена во близина на ирачкиот град Мосул, во кој моментално се води операција против Исламска држава, пишува британскиот весник „Телеграф“.

Пронајден е огромен кратер во областа Хасфа во близина на патот, кој ги поврзува Мосул со Багдад.

Повеќето жртви се стрелани, според очевидци, а според нивните проценки јамата била длабока повеќе од 400 метри пред во неа да почнат да ги фрлаат телата.

Припадниците на Исламска држава убивале ирачки војници заробени во 2014 година и ги фрлале нивните тела во оваа јама, додава весникот.