Иран изрази загриженост поради турската воена операција во Сирија
Иранското Министерство за внатрешни работи изрази сериозна загриженост поради континуираната турска воена офанзива во северна Сирија, при што ја истакна неопходноста да се зачува суверенитетот на земјата, пренесе ТАСС.
- Сите дејствија, коишто фрлаат сенка врз политичкиот авторитет на Владата на Сирија, се неприфатливи, изјави сношти Бахрам Гасеми, портпарол на Министерството.
- Стремежот на мирољубивите фактори во регионот да водат борба со тероризмот и заложбите за постигнување регионална стабилност не може да биде основа за нарушувањето на територијалната целовитост на Сирија, ниту пак воените дејствија да се извршуваат без согласност со сириските власти. Военото присуство на Турција на сириска територија само ја усложнува ситуацијата во регионот, истакна иранскиот владин претставник.
3големувањето на бројот воени дејствија во Сирија само ќе доведе до зголемување на цивилни жртви. Турската армија треба веднаш да ја прекине воената операција во Сирија, заклучи Гасеми.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес