-->
-->
Иран ја забрани употребата на американскиот долар при увозни постапки
-->
Во Иран на официјално барање на Централната банка стапува во сила забраната за користење на американската валута во увозните постапки.- Тоа нема да создаде големи проблеми за трговците, бидејќи е мал уделот во долари во трговските активности на Иран. Веќе подолго време банкарскиот сектор на Иран не може да го користи доларот поради санкциите, посочи директорот на Централната банка на Иран за девизно работење, Мехди Касреипоур.
Како дел од трговското ембарго на американските банки им е забрането да соработуваат со Иран.
- Со оглед дека употребата на доларот е забранета во Иран, трговците буквално користат алтернативна валута при трансакциите, и повеќе нема причина да се издаваат фактури чија основна валута е доларот, истакна Касреипоур
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Најверојатно повторно ќе се намалуваат акцизите на горивата
-

Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-

МВР го уапси Александар Лазаров од Кочани, кој преку прозорец избега од полициска станица
-

Преглед на вестите од светот
-

Расветлено убиството на д-р Ацо Трповски
-

Обвинение за поранешниот директор на СОЗР – приватно летал со владиниот авион и трошел државни пари
-

Полицајците не помагаа после пожарот во „Пулс“, тврдат сведоци
-

Мицкоски: Правдата е задоволена со враќањето на “Белата палата”
