Иран одби да разговара со САД за нуклеарниот договор
Иран не се согласи за одржување на неформален состанок за заживување на Договорот од 2015 за иранската нукеларна програма и побара прво САД да ги укине едностраните економски санкции на САД кон Техеран.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи изјави дека „со оглед на неодамнешните акции и изјави“ на претставници од САД, Велика Британија, Франција и Германија не го прифаќа предлогот на шефот на дипломатијата на Европска Уннија, Жозеп Борел за состанок.
– Иран оценува дека не е време за одржување на неформален состанок со тие земји, истакна портпаролот на иранското МНР.
Тој повтори дека иранската нуклеарна програма е со мирнодопска намена.
Белата куќа изрази разочарување поради одговорот на Техеран, наведувајќи дека САД се подготвени „повторно да се вклучат во значајна дипломатија со цел да се постигне взаемно враќање во согласност со обврските од иранскиот нуклеарен договор“.
Исто така се посочува дека Вашингтон ќе се консултира и со останатите четири постојани земји членки на Советот за безбедност на Обединети нации – Велика Британија, Кина, Франција и Русија, плус Германија.
Договорот за иранаската нуклеарна програма потпишан во 2015 година предвидуваше ограничување на збогатување на ураниум во замена за укинување на економските санкции кон Иран. Во 2018 година поранешниот американски прретседател Доналд Трамп едностарано ги повчеле САД од Договорот, а Техеран почна да не ги почитува одредбите. Актуелниот претседател на САД, Џо Бајден најави зажиување на Договорот.
Ново на Сител
-
Наќе Георгиев бара укинување на притворот
-
Ќе се рационализираат специјализациите
-
Засилени контроли на струмичката полиција
-
УГД го објави конкурсот за новата академска година – Слободни 4.000 места
-
Преглед на вестите од светот
-
Труење со салмонела: Затворени сендвичара во Аеродром и ресторан во Влае
-
ЗНАМ и ВРЕДИ повторно со спротивни ставови за употребата на албанското знаме
-
Тема на денот со Максим Ацевски, главен државен ревизор