ИРИ: Иванов и институцијата Претседател во континуитет со највисоки оценки

Претседателот Ѓорге Иванов и институцијата Претседател на Република Македонија се со највисоки оценки од граѓаните, покажуваат резултатите од последната анкета на ИРИ, спроведена од 6 до 15 јуни, на примерок од 1.105 испитаници.
Запрашани да дадат оценка од 1 до 5, граѓаните ја оцениле институцијата Претседател на Република Македонија со просечна оценка 2,59, додека за Владата просечната оценка е 2,5 и за Собранието 2,15. Граѓаните ја оцениле опозицијата со 2,29, додека медиумите со оценка 2,4.
Ѓорге Иванов, претседателот на Република Македонија е со највисоко позитивно мислење на испитаниците.
Анкетата на ИРИ покажува дека претседателот Иванов и институцијата Претседател на Република Македонија ги задржуваат водечките позиции, како и континуираната позитивна оценка кај граѓаните.
Ново на Сител
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Со големи попусти до 70% СЕТЕК го прославува својот 32 роденден
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова бомба со тврдења за фаворизирање
-

Љупчо Пецов Ѓаволот се предаде на полицијата, од бегство оди во куќен притвор
-

Советот на јавни обвинители утре ќе избира привремен наследник на Коцевски
