-->
-->
Ирска протерува еден руски дипломат
-->
- Ирска ќе протера еден руски дипломат поради нападот со нервен агенс врз рускиот разузнувач Сергеј Скрипал во англсикиот град Солзбера, за што британската Влада ја обвини Москва, изјави денеска ирскиот министерот за надворешни работи, Симон Ковенеј.
- Министерството за надворешни работи се состана со амбасадорот на Руската Федерација и го информираше дека ќе ја повлече акредитацијата на еден член од неговиот персонал со дипломатски статус, во согласност со одредбите на Виенската конвенција за дипломатски односи. Лицето за кое станува збор мора да ја напушти земјата, рече тој.
Повеќе од дваесет земји досега објавија протерувањето на повеќе од 110 руски дипломати поради нападот со нервен агенс на двојниот шпион, Скрипал и неговата ќерка Јулија, на 4 март.
Покрај 17 членки на ЕУ, протерување на руски дипломати најавија и САД, Канада, Украина, Норвешка и Австралија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг
-
ЦУК: Во последното деноноќие 1.616 повици на 112
-
Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови