Искрење од жици, запалена трева, стрниште и плевна причини за пожари - кривични за 4 битолчани
СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе пет кривични пријави против четири лица и едно правно лице за пожари предизвикани во периодот од 15 јуни до 10 септември годинава. Според Министерството за внатрешни работи, пријавите се за „предизвикување општа опасност“.
Првата кривична пријава е поднесена против Ѓ.Д. (70) од Битола, кој на 29 јули запалил оган во своја нива во село Братиндол, со цел да уништи инсекти, по што поради ветрот огнот се проширил и во соседните ниви.
Втората пријава е против Т.И. (27) од село Кременица, кој на 4 септември запалил стрниште во атарот на селото, а третата е против правно лице, бидејќи на 3 август во село Стрежево од искрење на жиците кои биле паднати од бандера во сопственост на пријавеното правно лице, предизвикан е пожар со кој се зафатени сува трева и дрвја.
Четвртата пријава е против Р.Р. (58) со привремен престој во Битола, кој на 4 август запалил плевна во село Црнеец, а пожарот се проширил на околната сува трева. Пријава е поднесена и против П.Б. (46) од Битола, кој на 4 август 2024 година запалил скара во близина на своето лозје во село Лопатица, што предизвикало пожар.
Сите пријавени се товарат за „предизвикување општа опасност“ според член 288, став 1 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-
Хутер победи на женскиот супервелеслалом во Сент Мориц
-
Возило удрило две жени во Штип
-
Минута молк на натпреварите во Германија
-
Вучиќ: Младите од 20 до 35 години, дури и невработените, ќе можат да земат станбен кредит
-
Инспектор нападнал началник во просториите на полицијата во Радовиш
-
Германија: Билансот од нападот на божиќниот пазар во Магдебург се искачи на пет загинати, над 200 повредени
-
Автомобил излета кај Мавровка, повредени две лица
-
Нови врнежи претежно од снег од понеделник и средина на работната недела