Исмет Гури спроведен во Кривичен, судењето за даночно затајување одложено
Судењето за даночно затајување во кое е обвинет и функционерот на ДУИ, Исмет Гури се одложи за 4 октомври, откако на денешното рочиште не се појави еден од обвинетите. Поранешниот заменик-директор на Управата за јавни приходи (УЈП) Исмет Гури, кој беше баран со меѓународна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје на 29 август самиот се пријави во полиција и денеска за прв пат седна на обвинителната клупа.
Гури беше уапсен во јули минатата година заедно со 15 лица, меѓу кои бизнисмени и инспектори од УЈП, под сомнение за злосторничко здружување и даночна измама. Против него беше распишана меѓународна потерница во јануари годинава откако не бил пронајден на адресата каде ја издржувал мерката куќен притвор.
Според Обвинителството, Гури бил вплеткан во шема со даночна измама и правел поврат на ДДВ преку фиктивни сметки од 840.000 евра, а со парите купил и деловен простор.
Останати обвинети во случајот се Игор Блажев, Филип Блажев, Зоран Трајановски, Пала Тасева, Дона Дамјановска Марковиќ, Илија Васков, Дани Несторовски, Јагода Митева, Бесник Адеми, Фитим Сулејмани, Фарух Гури и правните лица ПЗУ Ринолист и ДПТУ Екслузив Камен.
Денешното рочиште се одложи поради отсуство на обвинетиот Дани Несторовски, а судијката Софче Гаврилова Ефремова се закани со построги мерки за обезбедување доколку обвинетите од слобода повторно не дојдат на судење.
Обвинителка во процесот е Ивана Трајчева која денеска побара спојување на постапката против обвинетиот Димитар Кратовски, за кого пред Судот се води уште една постапка.
Против Исмет Гури, заедно со Ејуп Алими, се водеше и случајот „Титаник 3“ за уништување изборен материјал, во кој Судот по повтореното судење минатата година им изрече неправосилни затворски казни од по три години и шест месеци. Обвинението за „Титаник 3“ беше отворено во 2017 година од поранешното СЈО. Тие се товареа за делото уништување изборен материјал, односно дека на локалните избори во 2013 година менувале дел од записниците за гласањето во Чаир. Гури беше истакнат активист на ДУИ, а по одделувањето на Изет Меџити се придружи на Демократско движење.
Ново на Сител
-
Костадиновски: Уставниот суд има потреба од закон за доуредување, статус кво состојбата нема да донесе никому ништо добро
-
Делегација на Достоинство, предводена од Ангелов положи цвеќе во спомен на загинатите бранители во Вејце
-
Палевски негира насилни кривични дела, според него процесот е политички прогон
-
Човечко тело пронајдено во Вардар
-
Арачиново: Ги викнале да разговараат за 7.000 евра долг па извадиле пиштоли и почнале да ги пукаат
-
По три години, од 3 мај летови Скопје Барселона, стартува и авиолинијата за Лион
-
МЕРМС: Двојно поголема наплата, рекордни 247 милиони денари за три месеци
-
Охриѓанец со „пасат“ удрил во столб за видеонадзор на ГП Табановце