Исплатата на пензиите од 30 јануари
На предлог на Министерството за труд и социјална политика, Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензиите за месец јануари 2023 година, која треба да овозможи пензионерите да може да располагаат со јануарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 30 јануари.
-Задолжен е Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.01.2023 година, при што се препорачува на деловните банки да обезбедат, пензионерите да може да располагаат со јануарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 30.01.2023 година, се вели во соопштението од Владата.
На деловните банки им се препорачува преку филијалите и експозитурите на банките, да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи, според висината на пензијата.
-За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 30 јануари (понеделник), за пензии со висина од 11.001 до14.000 денари, исплатата да се изврши на 31 јануари, (вторник), за пензии со висина од 14.001 до 18.000 денари, исплатата да се изврши на 1 февруари (среда) и за пензии со висина над 18.001 денар, исплатата да се изврши на 2 февруари (четврток), информираат од Владата по завршувањето на денешната седница.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп