Исплатата на пензиите продолжува редовно, постапката во Уставниот суд не менува ништо во сегашниот модел

Исплатата на пензиите се одвива редовно и без промени. Сите пензии се исплаќаат согласно важечките законски одредби, информира Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Во врска со информациите за постапката во Уставниот суд, Министерството појаснува дека отворањето постапка не значи укинување или измена на мерките што во моментов важат. Сите законски решенија, велат оттаму, остануваат во сила до донесување конечна одлука од Судот.
-Министерството апелира до пензионерите да не подлегнуваат на дезинформации и шпекулации. Каква било евентуална промена во законската рамка ќе биде навремено и транспарентно соопштена, се вели во соопштението од Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Социјалната сигурност и стабилноста на пензискиот систем, велат од Министерството, остануваат врвен приоритет на оваа институција.
МИА
Ново на Сител
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
-

Стартуваа камерите Безбеден град
-

Алиу - реновираните сали на хируршките клиники ќе проработат на почетокот на јули
-

Серија земјотреси во Венецуела по двата смртоносни - бројките на загинати и повредени континуирано растат
