Истекоа роковите за поднесување приговори за изборите

На полноќ истече рокот за поднесување приговори за постапката за сумирање на резултатите од неделните предвремени парламентарни избори во Република Македонија. Претходно, во 19 часот истече и рокот за поднесување приговори до ДИК за постапката за гласање.
До Државната изборна комисија пристигнати се 16 приговори и тоа осум од подносителот на листа на кандидати Движење Беса и осум од од подносителот на листа Коалиција предводена од СДСМ. Дел од приговорите се однесуваат на постапката за гласање, додека дел се однесуваат на постапката за сумирање и утврдување на резултатите.
ДИК е должна да реши по приговорите во рок од 48 часа по приемот. Против одлуката на ДИК, може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението. Управиот суд на Република Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.
ДИК може по службена должност или по поднесен приговор, со решение го поништува гласањето на гласачкото место во одредени случаи утврдени со Изборниот законик.
Против решението со кое се поништува гласањето може да се поднесе жалба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд на Република Македонија е должен по жалбата да постапи во рок од 72 часа по нејзиниот прием. Повторното гласање на избирачкото место каде што е поништено се одржува 14 дена од денот на првото гласање.
Според првичните резултати од изборите што ги објави ДИК, ВМРО-ДПМНЕ освоила 51 мандат, СДСМ 49, ДУИ 10, Движењето БЕСА 5, Алијанса за Алабнците три, а ДПА два.
Конечните резултати од изборите ДИК треба да ги соопшти најдоцна до 20 декември, откако ќе поминат роковите за приговори и одлучување по нив.
Ново на Сител
-

Магла на неколку патни правци, сите патишта проодни, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење
-

Зеленски со остра критика кон ЕУ во Давос: Европа чека насоки од Трамп, наместо да преземе акција
-

Седница на ДКСК - избор на генерален секретар, постапување по предмети и по пријави од укажувачи
-

На собраниска седница Законот за прекршоците, последниот потребен за да стартува примената на „Безбеден град
-

Одбележување на Неделата за подигнување на свеста за борбата против ракот на грлото на матката
-

Амандманска распарава за измените на Кривичниот законик во матичната собраниска комисија
-

АЕК ќе додели одобрение за трет мобилен оператор на „ОНЕ Македонија телекомуникации“
-

Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ со вкрстено испитување на сведок од ФЗО
