Источниот плански регион со проекти во Виница и Кочани

Центарот за развој на Источниот плански регион ја заврши тендерската постапка за почнување со работа на уште два проекта во општините Виница и Кочани. Со нив се предвидени регулација на Виничка река и изградба на спомен парк и спомен обележје на Никола Карев кај месноста Свиланово, во близина на село Рајчани, кочанско.
- Во општина Виница преку Источниот плански регион ќе го реализираме проектот за регулација на Виничка река. Потребните средства во износ од 100 илјади евра се обезбедени, како и дополнителните 300 илјади денари кофинасирање од страна на оптината Виница, изјави Драгица Здравева, директор на Источниот плански регион.
Здравева информираше и за вториот проект кој ќе се реализира во партнерство со општините Кочани и Чешиново Облешево, а се однесува на изградба на спомен парк и спомен обележје на Никола Карев, кај месноста Свиланово недалеку од Рајчани кочанско, каде што на 27 април 1905 година на пат за родната Македонија загина со својата чета.
- За изградбата на Спомен паркот кај Свиланово се обезбедени исто така 100 илјади евра, додека општините Кочани и Чешиново Облешево како сопствено учество ќе инвестираат по 250 илјади денари од сопствените буџети.
Реализацијата на двата проекта се очекува да започне наредната недела.
Ново на Сител
-

Сејф сити системот почна да функционира, нови толеранции за возачите
-

Министерот за здравство не знае зошто професорот Кедев се повлекол од Здравствениот совет на министерството
-

Филипче: Оваа влада нема да издржи до 2028
-

УПОЗ го прифати владиниот предлог - административците ќе добијат повисоки плати за 40%
-

Почна првата од 4 фази за поврзување на подземната сообракајница кај Лимак
-

Билетите за културните настани двојно поскапени, но Љутков смета дека се достапни за секого
-

2,3 милиони евра за реконструкција на државниот студентски дом во Штип
-

Нови мерни станици во Струмица
