Истрага поради малверзации при издавање пасоши на Македонци во Бугарија
Бугарските власти соопштија дека почнале истрага за голема малверзација на државни службеници кои продавале потврди за бугарско потекло на државјани од земји кои се надвор од Европската Унија, врз основа на што добивале бугарски пасоши и државјанства.
Бугарските медиуми наведуваат дека претежно државјани на Македонија, Украина и Молдавија плаќале по 5 000 евра за лажна потврда со што доаѓале до бугарски документи. Постои сомнеж дека на тој начин неделно се издавале од 30 до 40 пасоши, а се уште не се знае кога почнало ова нелегално дејствување.
Службениците се осомничени за корупција, злоупотреба на службената положба и фалсификување документи, соопшти Обвнителството за гонење на организиран криминал.
Бугарските медиуми наведуваат дека меѓу 20 приведени е и шефот на државната Служба за Бугари во странство која има клучна улога при натура лизација на странски државјани. Оваа служба издава потврди за бугарско потекло на странците кои ќе докажат дека барем еден од нивните предци бил или е Бугарин.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости