Истрага против татко кој се обиде да го убие сопствениот син
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен осомничен за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.
На 14 јануари, во работна просторија – кујна на ресторан во Скопје, на улицата „Кирил Пејчиновиќ“, осомничениот извршил семејно насилство и со умисла се обидел да го лиши од живот сопствениот син.
По кратка вербална расправија, за која причина биле претходно нарушени меѓусебни односи, осомничениот зел кујнски нож и му нанел три убодни рани на оштетениот во пределот на стомакот, десната подлактица и грбот, нанесувајќи му тешки телесни повреди.
Во намерата да го изврши убиството го спречил сведок, кој му помогнал на оштетениот и го пренел во болница.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело, односно дека ќе го доврши обиденото кривично дело.
Имено, тој и во дадениот исказ пред јавниот обвинител признал дека во критичниот момент одлучил „да го реши оштетениот“, односно да го лиши од живот, и дека се надева во иднина оштетениот да разбере дека треба да го почитува својот родител или повторно може да се случи истото.
Ново на Сител
-
Одговорниот за патарини не плаќа патарини?
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, Министер за одбрана
-
Во Струмица едукација на младите за селекција на отпадот
-
Жените-земјоделки иако се столб на фамилиите, ниту се доволно препознати ниту доволно платени
-
Темелно ќе се работи на проблемот да се задржат младите
-
Тошковски: Нова канцеларија на управни служби на МВР во Сарај, ги доближуваме услугите поблиску до граѓаните
-
МВР ќе врши зголемена контрола, полициско обезбедување во училиштата по обидот за силување на малолетник