Истрага во УКИП по инцидентот со европратеникот Волфи во Стразбур
Британската антиевропска партија УКИП соопшти денеска дека отворила истрага за инцидентот со нејзиниот европратеник Стивен Волфи во Стразбур, кој се онесвести и заврши во болница, по бурната кавга со својот сопартиец и неистомисленик, Мајк Хукем.
Волфи (49) е кандидат за нов лидер на Партијата за независност на Обединетото Кралство (УКИП) и важи за фаворит во изборната трка.
Неговата состојба беше означена како „сериозна„ и тој по извршеното снимање на мозокот бил задржан во болницата, но според неговата изјава на Твитер, денеска се чувствува добро и ќе биде отпуштен од болницата.
Лондонските весници тврдат дека тој учествувал во партиската расправија со Хукем, околу одлуката да се кандидира за лидер на УКИП, иако пред неполни три недели размислувал да ја напушти партијата и да им се приклучи на конзервативците на Тереза Меј.
„Дејли Меил„ открива дека во просторијата на Европскиот Парламент, двајцата гневни британски европратеници, биле оставени сами, по што биле разменети и тупаници. Некои медиуми тврдат дека Волфи „се струполил на подот, онесвестен„ како последица на добиениот „ боксерски удар„ два часа по расправијата, па затоа и било извршено снимање на мозокот.
Преставник на УКИП ги отфрли тврдењата за тепачка.
Расправијата и нервозата во оваа британска партија траат уште веднаш по референдумот од 23 јуни, на кој партијата, која го покрена барањето за напуштање на ЕУ, го постигна тоа што го бараше.
Оставка, прво, поднесе лидерот Најџел Фараж, но по него се повлече и новозибраниот лидер Дијана Џејмс, која на функцијата остана само 18 денови.
Фараж сега одново ја предводи партијата, но инсистира дека нема да се кандидира за лидерската функција, како што тоа го правеше два пати претходно- да поднесе оставка, а потоа да се предомисли и да продолжи да ја предводи УКИП.
Ново на Сител
-
Граѓаните на протест на Партизанска бараат одговорност од обвинителствтото и судството
-
Во живо од терен - дали граѓаните ги бојкотираат маркетите?
-
Димитриевска - Кочоска: Институциите да проверат зошто маркетите билдаат огромни профити
-
Филипче од Хрватска - Владата има обврска да ги заштити граѓаните од високите цени
-
Струмичани утре излегуваат на протест против загадениот воздух
-
Преглед на вестите од светот
-
20-годишник без возачка и под дејство на алкохол ја усмрти 22-годишната Фросина Кулаков на пешачки премин
-
Тема на денот со Даниела Николова, пратеничка од СДСМ