Истрага за изнуда и палење автомобил во Штип против двајца соизвршители, определен притвор
Основното јавно обвинителство Штип донело наредба за спроведување истражна постапка против двајца соизвршители на кривични дела изнуда од член 258 став 1 и предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничените, како што денеска соопштија од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, во последните неколку дена од старата година, испратиле повеќе заканувачки пораки кон трето лице, изнудувајќи му парични средства.
- Соочен со сериозни закани кон сопствениот и животите на членовите на своето семејство, оштетениот ги пријавил осомничените, по што на 4 јануари била организирана средба за да им предаде 30.000 денари. Полициски службеници ги затекнале при обидот да ги преземат паричните средства и ги уапсиле, се појаснува во соопштението.
Во текот на претходната постапка, Основното јавно обвинителство Штип обезбедило докази кои даваат основано сомнение дека истите лица на 16 декември, пред зграда на улицата „Сремски фронт” во Штип намерно запалиле паркиран автомобил „Сеат леон” сопственост на една оштетена. На тој начин со умисла предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип доставил предлог за определување мерка притвор за осомничените, поради опасноста од бегство, можноста да влијаат врз сведоците или да ги повторат делата. Судот го прифатил предлогот и им определи притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
ЕУ и исплати три милијарди евра на Украина
-
Ајдари за поднесените интерпелации: Владата не успеа да го одржи мирот и да обезбеди меѓуетнички соживот
-
Серија апсења на интервентна полиција, пронајдена дрога
-
Повеќе од 10.000 објекти уништени во пожарите во областа на Лос Анџелес, штетите над 150 милијарди долари
-
Без вода дел од бул. „Јане Сандански“ поради дефект
-
Приведена битолчанка барана по потерница
-
Од Скопје до Париз нова линија со авиокомпанијата Изиџет
-
Село во јужна Италија „им забрани“ на жителите да се разболат