Истрага за обид за убиство во Мирковци
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за обид за убиство и против уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело. Инцидентот се случил на 10 декември во селото Мирковци, каде осомничениот 37-годишник се обидел да лиши од живот едно лице поради претходна нетрпеливост и нерасчистени должничко-доверителски односи. Осомничениот испукал куршум кон жртвата, но не успеал да го погоди. Основниот кривичен суд Скопје му одреди мерка притвор од 30 дена.
- На 10 декември, во селото Мирковци, сега осомничениот 37-годишник со умисла се обидел да лиши од живот едно лице, а мотивот му била претходна меѓусебна нетрпеливост поради нерасчистени должничко – доверителски односи. Тој отишол до домот на оштетениот, каде пред вратата извадил огнено оружје – пиштол и испукал еден куршум кон жртвата, но не успеал да го погоди. Куршумот завршил во ѕидот веднаш до рамката од влезната врата, во висина на градите на оштетениот, кој веднаш кога го забележал пиштолот се повлекол во внатрешноста на куќата и ја затворил влезната врата која автоматски се заклучува. Осомничениот започнал да тропа и удира со нога на затворената влезна врата, па откако не успеал да влезе во куќата, побегнал од местото заедно со лицето кое постои сомнение дека му помагало по сторувањето на кривичното дело да не биде откриен, стои во соопштението од Обвинителството.
Дополнуваат дека јавниот обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи, предложил за осомничениот сторител на обидот за убиство да биде определена мерка притвор. Со решение, Основниот кривичен суд Скопје ја определил бараната притворска мерка во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
Студено и ветровито време со локални врнежи од снег
-
ДУИ: Рeвизија на приватизацијата
-
СДСМ: Измамата со кошничката се гледа во маркерите - повисоки цени наместо пониски
-
Тешко повредена жена откако во неа удрил „цитроен“ - возачот го напуштил местото
-
Најпознатиот божиќен хит на Мараја Кери е издаден пред точно три десетлетија
-
Минималната синдикална кошница за декември 62.861 денар, зголемена за 840 денари во однос на ноември
-
Дејан Митровски - Урко реизбран за претседател на Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија
-
АД МЕПСО го раскина договорот со изведувачот на проектот за 400 киловолтна интерконекција со Албанија