Истражување: Младите Европјани се помалку религиозни
Најголем дел млади во 12 држави во Европа не се религиозни и ретко одат во црква, што е доказ за тренд на постепено свртување кон постхристијанско општество, е резултат од истражување објавено од Гардијан.
Истражувањето е спроведено кај млади од 16 до 29 години во 21 европска држава и укажува дека најмалку религиозни се во Чешка каде 91 отсто испитаници од таа старосна група рекле дека немаат никаква верска припадност.
На списокот на држави во кои мнозинство млади не се религиозни следуваат Шведска, Данска, Естонија, Холандија,. Норвешка, Франција, Шпанија, Британија, Белгија, Унгарија и Финска.
Во најголем дел од тие држави освен во Холандија, помалку од десет отсто млади одат во црква макар еднаш неделно.
Во Чешка 70 отсто испитаници одговориле дека никогаш не одат во црква, а во Британија, Франција, Белгија, Шпанија и Холандија тој процент е меѓу 55 и 60 отсто.
Во Словенија нерелигиозен е декој втор млад жител (48 отсто), во Русија 46 отсто, во Гермнаија 43 отсто испитаници. Младите во тие држави не одат често во црква додека еднаш неделно тоа го прават помалку од 25 отсто.
Најрелигиозни се младите во Полска каде 17 отсто испитаници рекле дека не припаѓаат на ниту една вера, потоа во Ирска (31 отсто) и Австрија (34 отсто). Во Полска барем еднаш неделно во црква одат половина млади, а во Ирска околу една третина (31 отсто)
Ново на Сител
-

Македонски државјани од Саудиска Арабија, Кувајт и Бахреин со специјален лет се враќаат во земјава
-

Одбележување 83 години од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во логорот Треблинка
-

Белата куќа вели дека САД нема да бидат „задоволни“ ако Русија споделува разузнавачки информации со Иран
-

37 санкции во акциска контрола на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот
-

Шест лица загинаа, неколку се повредени во пожар во автобус во Швајцарија
-

Голем ирански напад со ракети и дронови врз Израел и земјите од Заливот
-

Без струја делови од Карпош, Ѓорче Петров, Аеродром и Кисела Вода
-

Студено утро, во текот на денот сончево и топло до 20 степени
