Истражување: Околу 64 проценти од Италијанците користат вештачка интелигенција при готвење

Шест од десет Италијанци користат вештачка интелигенција во готвењето, според анкетата на платформата „Academia.tv“ за кулинарските навики и употребата на технологијата во 2025 година.
Анкетата, спроведена меѓу љубителите на храна на возраст меѓу 25 и 45 години, открива дека 64 проценти од Италијанците користат ВИ за да пронајдат идеи и да научат нови кулинарски техники, иако половина од испитаниците сè уште се сомневаат во квалитетот на генерираната содржина.
Врз основа на тоа истражување, развиен е системот „ChefCPT“ (Culinary Pre-trained Transformer), што го користи знаењето на 207 кулинарски мајстори за да обезбеди персонализирана поддршка при подготовката на оброците.
Анкетата покажа дека 17,6 проценти од Италијанците редовно готват за себе, додека повеќе од 80 проценти подготвуваат оброци за семејството и пријателите.
За 95 проценти од испитаниците, оброците се важни социјални пригоди, а 65 проценти сметаат дека е нормално да поминат најмалку 30 минути подготвувајќи домашен оброк.
Поради високите цени надвор од домот и ниската просечна куповна моќ, 82 проценти од Италијанците јадат надвор најмногу еднаш неделно.
Кога излегуваат, повеќето избираат италијански ресторани и пицерии – 74 проценти, проследени од етнички ресторани – 13,5 проценти, додека само 2,5 проценти одат во ресторани за брза храна.
Најчестите употреби на вештачката интелигенција во кујната вклучуваат креирање рецепти или менија врз основа на достапните состојки, прилагодување на јадењата за нетолеранции на храна и истражување на техниките за готвење за одредени видови храна.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп: Разочаран сум, Зеленски не е подготвен да го потпише мировниот предлог на САД
-

Од денеска во Србија почнува пријава за легализација на дивоградбите
-

Антонио Кошта во посета на Париз и Даблин
-

Денеска е Св. Климент Охридски - Чудотворец
-

Променливо облачно време со сончеви периоди
-

Сиљановска - Давкова: Да ја спречиме фрагментацијата на македонското општество и одново да ги научиме доблестите на св. Климент што ја одржуваат заедницата
-

Макрон се закани со нови царини доколку Кина не ја промени трговската политика
-

Пронајден починат маж пред Поликлиника Ченто
