-->
-->
Истражување: Работниот ден треба да трае три часа
-->

Едно британско истражување кое опфатило 1.989 службеници кои работат во канцеларија, покажа дека вообичаениот осум часовен работен ден е непотребно долг, зашто тие се продуктивни само два часа и 53 минути од нив, пишува „Дејли мирор".
Другиот дел од времето, луѓето го минуваат на интернет (еден час и 45 минути, во просек), или во разговор со колегите (40 минути), велат резултатите од анкетата на компанијата „Ваучер клауд".
Паузите за кафе траат просечно по 17 минути, додека оние за пушење - 23 минути. Разговорите по телефон одземаат 18 минути, а четот - 14 минути. За ручекот, на еден канцелариски работник му требаат околу 15 минути.
Има и такви кои си бараат нова работа, и тоа им одзема 26 минути дневно.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Претрес во дом на млад кавадарчанец, одземени предмети под сомнеж дека се од кражби
-

СВР Битола поднесе кривични пријави за лица што возеле автомобил без положен возачки испит
-

Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ: Уништени фасада и автомобил
-

Иницијатива на „Лајка“: Биди Валентајн на бездомно куче за еден ден
-

Одложено рочиштето против Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово
-

Врнежите ги полнат хидроакумулациите во Струмичко
-

651 прекршок вчера преку „Безбеден град“, забрани за возење добија 58 возачи
-

Ѓорѓиевски: 100 нови градски автобуси за Скопје
