Истражување: Заразените со Ковид-19 би можеле да не го вратат сетилото за мирис
Еден од десет пациенти никогаш нема да го вратат чувството за мирис и вкус по излекувањето од коронавирусот, покажуваат резултатите од ново истражување .
Губењето на чувството за мирис и вкус од неодамна се вбројува меѓу редовните симптоми на коронавирусот, покрај кашлањето и температурата. Новото истражување покажува дека еден од десет пациенти кои ги загубиле овие две сетила, можеби никогаш повеќе нема да ги вратат, пишува Њујорк пост.
Истражувачите собрале податоци од пациенти во Италија и откриле дека 49 отсто од нив целосно ги вратиле мирисот и вкусот по закрепнувањето од вирусот. Од друга страна, десет проценти изјавиле дека им се влошиле симптомите.
Таквото откритие е објавено во списанието JAMA Otolaryngology – Head and Neck Surgery, а истражувачите предупредиле дека илјадници луѓе би можеле да се соочат со здравствени проблеми и последици поради Ковид-19.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости