-->
-->
Италија: Франција и Малта преземаат четвртина од мигрантите
-->
Малта и Франција се согласија да преземат 100 од 450 мигранти спасени од еден рибарски брод во Медитеранот, изјави италијанскиот премиер Џузепе Конти.
Тој рече дека двете земји на тој начин одговориле на неговото барање упатено до сите членки на ЕУ да го „поделат товарот на мигрантите“.
- Тоа е важен резултат, напиша Конте на Фејсбук.
Во петокот во Медитеранот беше пронајден рибарски брод со 450 мигранти кој предизвика нов спор меѓу Италија и Малта, затоа што Малта тврдеше дека бродот е во италијански води, додека Италија сметаше дека е во водите на Малта и оти таа би требало да се погрижи за него.
Италија вчера мигрантите ги префрли на два помали брода на Крајбрежната стража, но одби да им дозволи да влезат во земјата. ј
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи