Италија од 3 јуни ги отвора границите
Италијанската Влада донесе декрет со кој од 3 јуни се овозможува граѓаните да патуваат и да доаѓаат од странство. Со декретот, исто така, од истиот датум се овозможува слободното движење низ Италија, пренесуваат британските медиуми.
Рестриктивните карантински мерки низ целата земја беа воведени на почетокот на март, откако Италија стана првата земја надвор од Азија која имаше пандемија на коронавирусот.
Италија има најголем број смртни случаи, по САД и Велика Британија, со 31.000 жртви на коронавирусот.
Владата на премиерот Џузепе Конте се залага за постепено отворање на земјата, по намалувањето на бројот на заразени и умрени од ефектите на коронавирусот.
Во економските сектори што почнаа со работа, како фабриките и претпријатијата, постојат мерки за социјално растојание, училиштата се уште се затворени, а на голем број луѓе се уште не им е дозволено да се собираат, иако на луѓето ќе им биде дозволено од утре да присуствуваат на миси во црквите, со почитување на одредени рестриктивни мерки, потсетуваат американските медиуми.
Ново на Сител
-
Обработени 93,30% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 59, СДСМ 18, Левица 6, ЗНАМ 5 мандати
-
Мицкоски: Поразен е бојкотот на ДУИ, време е да одат со СДСМ во опозиција
-
ДИК: Обработени 90,40% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 390.345, СДСМ 136.748
-
Ковачевски: На СДСМ му е зададен тежок удар
-
ДИК: Силјановска Давкова со повеќе од двојна предност пред Пендаровски
-
Димитриевски: Повеќе нема да живееме во црно-сив свет, честитам на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ
-
Силјановска Давкова: Наградата е непроценлива за мене
-
Обработени 82,38% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 59 мандати, СДСМ 18, Левица 6, ЗНАМ 5 мандати