Свет
8. October 2020 - 10:28

Италија со најголем број новозаразени од коронавирус во последните пет месеци

Италија забележа 3.678 нови случаи на коронавирус, што е најголем број на нови случаи по повеќе од пет месеци.

Според италијанското Министерство за здравство, од почетокот на епидемијата тие имале најмалку 333.940 случаи.

Последен пат тие имаа повеќе случаи на дневна основа на 16 април, кога беа пријавени 3.786 случаи. Властите сега вршат двојно помалку тестови од тогаш.