Италијанец позитивен на мајмунски сипаници, Ковид-19 и ХИВ
– Италијанец е првиот човек во светот кој истовремено е позитивен на мајмунски сипаници, Ковид-19 и ХИВ.
Пациентот (36) дошол на лекар откако по враќањето од петдневното патување во Шпанија, каде имал незаштитен секс со мажи, добил висока температура, болки во грлото и главата, како и воспаление во пределот на препоните.
Три дена по појавата на симптомите, тој бил позитивен на коронавирусот, објави стручното списание „Џурнал оф Инфекшн“.
Само неколку часа по позитивниот тест за корона, на неговата лева рака се појавило црвенило. По неколку дена, сипаниците се прошириле по целото тело, па бил примен во болница во Таканија.
На клиниката му биле направени низа тестови при што е утврдено дека е позитивен на мајмунски сипаници, Ковид-19 и ХИВ.
Тестот за ХИВ покажал високо ниво на вирусот, а негативниот тест направен пред една година бил доказ дека тој неодамна се заразил.
По една недела тој бил пуштен од болница, откако се излекувал од Ковид-19 и мајмунски сипаници.
– Овој случај покажува како симптомите на мајмунски сипаници и Ковид-19 може да се преклопуваат и потврдува дека во случај на коинфекција важно е да се испитаат сексуалните навики за да се дојде до правилна дијагноза, велат научниците од Универзитетот во Катанија во својот извештај.
Тие предупредија дека брисот од грлото на пациентот бил сè уште позитивен и по 20 дена, што укажува дека лицето сè уште е заразно.
Бидејќи ова е прв случај на лице заразено со три вируси, докторите велат дека нема доволно докази дека оваа комбинација може да ја влоши состојбата на пациентот.
Ново на Сител
-
Земјотрес почувствуван во северозападна Македонија
-
Пожар во угостителски објект во Карпош
-
24-годишник силувал малолетничка во Валандовско
-
МНР ќе побара објаснување за протерувањето на македонската државјанка од Србија
-
Протестни колони студенти и средношколци низ улиците на Нов Белград, приведени пратеници кои го блокираа автопатот кај Нови Сад
-
Следната недела ќе има средба меѓу Владата и Синдикатот на УПОЗ за нивните барања
-
20-годишно момче пронајдено починато во својата соба
-
Одлуките на Уставниот суд не се коментираат, ако има одлука ќе ги вратиме 50. милиони евра од солидарен данок, вели Мицкоски