Италијански мафијаши и поранешни функционери осудени на повеќегодишни затворски казни

Суд во италијанскиот град Палермо денеска на повеќегодишни затворски казни осуди неколкумина мафијаши и поранешни владини функционери, во рамки на судскиот процес за врски меѓу органите на власта и мафијата во 90-те години на минатиот век.
Првообвинетиот во процесот, мафијашкиот бос Леолука Багарела, кој се наоѓа во затвор од 1995 година и отслужува неколку доживотни затворски казни поради десетици убиства, денеска е осуден на уште 28 години затвор.
По 12 години затвор заработија поранешните полициски генерали Марио Мори и Антонио Субрани, мафијашкиот бос Антонио Чина, како и некогашниот сенатор Марчело дел Утри, близок соработник на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони. Еден полицски полковник и еден мафијаш беа осудени на по осум години затвор.
Во рамки на овој процес, што започна во мај 2013 година, му се судеше и на поранешниот министер за внатрешни работи во Владата на Берлускони, Никола Манчино, но тој беше ослободен од обвинувањата.
Куриозитет на овој случај е што како сведок во процесот се појави и тогашниот италијански претседател Џорџо Наполитано. Тоа беше првпат пред суд да сведочи актуелен шеф на италијанската држава.
По изрекувањето на денешните казни, јавниот обвинител Нино ди Матео оцени дека станува збор за „историски пресуди“.
Ново на Сител
-

Очевидци: Повеќе лица се повредени во експлозијата на аеродромот во Ријад
-

Кристијано Роналдо заработи суспензија од Португалската федерација
-

Силна експлозија на аеродромот во Ријад, авиокомпаниите откажуваат летови
-

Повеќе објекти осветлени во зелена боја како симбол на солидарност и нов живот
-

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата, клевети, навреди и измислици не поминуваат
-

Уапсен 31-годишник, кршел низ домот на својот чичко, па ја истепал сестра му
-

Ѓорѓиевски: Градските цвеќарници повторно ги ставаме во функција
-

Царинска управа: На Богородица спречен шверц на заштитени видови змии
