Итната помош имала 65 интервенции на терен, во болниците примени повредени лица
Од Итната медицинска помош информираат дека во текот на ноќта и изутрината имале 65 интервенции на терен во скопскиот регион од кои кај 12 била констатирана смрт.
На повредените им била укажана здравствена помош на самото место, а 25 биле транспортирани во здравствени установи.
Од Ургентниот центар-Скопје потврдија дека кај нив здравствена заштита побарале 11 лица, а едно дете било донесено починато и кај него лекарите контатирале смрт.
Од 11-те лица, три се пуштени дома, тројца се хоспитализирани, а петмина се уште се дијагностицираат.
Од Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ информираат дека 15 граѓани побарале здравствена заштита, од кои три се примени во болницата поради исчашувања на екстремитети и исеченици кои ги добиле во невремето, а останатите по укажаната здравствена помош биле пуштени дома.
Од Градската општа болница „8 Септември“ потврдија дека биле прегледани 24 лица кои имале полесни телесни повреди (контузии и исеченици), и по укажаната лекарска помош се пуштени дома.
Ново на Сител
-
Постигнат е договор: Дополнителни 6 денари по килограм оризова арпа
-
Штип под снежна покривка од 35 сантиметри
-
Гаши вели дека завршил со Даути, за нејзино разрешување надлежен бил друг
-
Менкиновски: Македонците со фиктивни адреси во Бугарија ќе ги задржат државјанствата, но ќе платат парична казна
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија
-
Црн чад секојдневно се шири од палење на отпад во кругот на „Ранка Милановиќ“
-
Секоја втора сметка за вода во Гевгелија не е наплатена
-
Пуштена во употреба експресната делница Градско – Дреново