Иванов ги пречека маратонците на целта - поттик и пример за сите млади луѓе

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска го пречека познатиот спортист хуманист и светски рекордер Емил Илиќ кој придружуван од тројца млади маратонци, го заврши пешачкиот маратон во должина од 268 километри, што се реализираше по повод 25-годишниот јубилеј од независноста на Република Македонија.
Претседателот Иванов, честитајќи го успехот на маратонците, истакна дека на овој наш голем празник, ваквиот подвиг е поттик и позитивен пример за сите млади луѓе во Македонија.
Илиќ, на својата цел во Кабинетот на Претседателот, повика на обединување на граѓаните за напредок на нашата земја.
- Мислиме дека ова е добар пример за целиот македонски народ, особено за политичарите, како што се обединуваме ние спортистите и тие да се обединат, со цел напредок на Република Македонија, затоа што тоа го заслужува Македонија и македонскиот народ,истакна Илиќ.
Тој додаде дека патот што го изоделе бил исклучително тежок поради неповолните временски услови. Рече дека двајца од маратонците коишто го придружувале, биле приморани да се откажат поради повредите со кои што се здобиле.
Маратонот стартуваше од манастирот „Свето Преображение“ во Крушево, преку Прилеп, Росоман, Градско и Велес, додека маршрутата се одвиваше преку Прилеп, Росоман, Градско, Велес и Скопје.
Илиќ на приемот во Вила Водно му врачи плакета на претседателот Иванов, како израз на благодарност, за неговата континуирана поддршка за развој и унапредување на спортот во Република Македонија.
Емил Илиќ во 2007 година се стекна со титулата светски рекордер во пешачки маратон, што му ја издаде Академијата за светски рекордери од Лондон, Велика Британија.
Ново на Сител
-

Жител на Франгово управувал автомобил без возачка, возилото е одземано
-

39-годишен маж киднапиран во тетовско, три лица приведени
-

Автомобил излета од патот во виничко, возачот почина
-

Прегазен 80-годишен пешак во Дебар
-

Мицкоски за детали за истрагата за марихуаната упатува на МВР, но вели има поврзаност со лица од претходната влада
-

МОН: Честит 21 Февруари – Меѓународен ден на мајчиниот јазик
-

Мицкоски: Владата функционира одлично, нема да има предвремени парламентарни избори
-

Сенегалски навивачи осудени на затворски казни за инцидентите на Африканскиот куп
