Иванов, Грабар Китаровиќ и Пахор од безбедносни причини не ја посетија кота 59

Претседателите на Македонија. Хравтска и на Словенија, Ѓорге Иванов, Колинда Грабар Китаровиќ и Борут Паход, денеска и покрај најавата и нивно инсистирање, од безбедносни причини не го посетија граничниот камен 59 на македонско-грчката граница, по барање на полицијата.
Како што за МИА информираа од МВР, во 11.30 часот околу 200 мигранти кои биле информирани за најавената посета од страна на тројцата претседатели, почнале да викаат и да го нарушуваат јавниот ред и мир и да се приближуваат кој македонската линија, со цел да го привлечат вниманието од европската јавност. Од страна на полицијата бил употребен солзавец за да дојде до нивно смирување.
Ситуацијата, посочуваат од МВР, е ставена под контрола, откако мигрантите биле информирани дека е откажана посетата на Иванов, Пахор и Грабар Китановиќ.
Ново на Сител
-

Со снимки од пријавите за семејно насилство продолжува судењето против Стојанче Јовановски
-

Мнозинството не ги прифати пакет законите на СДСМ за заштита на животниот стандард на граѓаните
-

Преглед на вестите од светот
-

Заврши втората сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Конфликтите го менуваат туризмот
-

Главна дестинација за прилепчани за Велигден и понатаму е дома, но се зголемува бројот и на оние кои патуваат во странство
-

Штипска модуларна повторно во функција, но со друга намена
-

Штетите од војната на Блискиот Исток ќе се чувствуваат со години
