Иванов на одбележување на 70-годишнината од доселувањето на Македонците во Војводина

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, од денеска до 30 октомври ќе престојува во работна посета на Република Србија, по повод одбележувањето на јубилејот „70 години од доселувањето на Македонците во Војводина“.
Во Белград, претседателот Иванов денеска ќе оствари средби со српскиот претседател Томислав Николиќ и со премиерот Александар Вучиќ.
На средбите, како што соопшти Кабинетот на Иванов, ќе биде разговарано за можностите за продлабочување на билатералната и регионалната соработка, како и за актуелните случувања во двете земји и предизвиците со кои се соочува регионот.
Во рамки на работната посета ќе биде одржан македонско-српски бизнис форум на кој ќе учествуваат дваесетина македонски компании од фармацевтската, прехранбената, металната, градежната индустрија, како и од областа на информатичките технологии, графичките дејности и транспортните услуги. На отворањето на бизнис форумот во Белград, ќе се обратат претседателите Иванов и Николиќ, како и претседателите на Стопанските комори на Македонија и на Србија.
Во рамки на централната прослава по повод одбележувањето на големиот јубилеј „70 години од доселувањето на Македонците во Војводина“, во недела во Панчево, ќе биде одржана Свечена академија, на која обраќања ќе имаат претседателите на Македонија и на Србија, Ѓорге Иванов и Томислав Николиќ.
На јубилејната прослава ќе биде засадено „Дрво на пријателството“ и ќе биде потпишан протокол за збратимување на општина Македонски Брод и месната заедница Јабука. Во рамки на прославата ќе биде посетена изложбата на уметнички дела на академскиот сликар Павле Кузмановски и ќе биде приредена богата културно-уметничка програма.
Ново на Сител
-

Истрага за убиство при семејно насилство во Битола
-

Убедлива победа за македонските ракометари на гостувањето кај Словачка
-

Поранешен директор на ЦИА предупредува дека војната со Иран може да трае со месеци
-

Рубио: Не е променета политиката на САД кон Тајван
-

Хрватска доби заем од ЕУ во вредност од 1,7 милијарди евра наменет за модернизација на одбраната
-

Во Белград уапсен возач осомничен за обид за убиство при пробивање студентска блокада
-

Меѓаши: Ниту едно дете не смее да чека инцидент за да биде заштитено, над 8.000 ученици дел од активности за побезбедни училишта
-

Путин набрзо ќе ја посети Кина
