Иванов на Светски економски форум за Блискиот Исток и Северна Африка во Аман
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска престојува во работна посета на Хашемитското Кралство Јордан по повод учеството на Светскиот економски форум за Блискиот Исток и Северна Африка, што се одржува во Аман.
Иванов, како што соопшти неговиот Кабинет, ќе учествува на пленарната сесија на свеченото отворање на Светскиот економски форум за Блискиот Исток и Северна Африка и на сесијата на тема „Заштита на бегалци: наша морална одговорност“.
Во рамки на работната посета, претседателот Иванов ќе оствари билатерална средба со кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Абдула II, како и повеќе билатерални средби со учесниците на форумот.
На Светскиот економски форум за Блискиот Исток и Северна Африка е најавено учество на над 1.000 политички лидери, претставници од бизнис секторот и цивилното општество, од повеќе од педесетина држави.
Домаќин на форумот е Кралот на Јордан, Н.В. Абдула II.Меѓу лидерите на Светскиот економски форум, што се одржува во Аман, Мртво Море, е Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, кој учествуваше на пленарната сесија на свеченото отворање на форумот на кој се се обратија Принцот на Јордан, Кралот на Шпанија и претседателите на Ирак и Нигерија. Лидерите од целиот свет дискутираат на повеќе теми кои се од глобално значење. Меѓу темите на дискусија е улогата на Кралството Јордан во регионот, економските перспективи на земјите од овој регион, промените во геополитиката и хуманитарните предизвици во однос на состојбите во Сирија, Ирак и Либија, како и актуелната мигрантската криза.
Темите на дискусија на форумот се однесуваат на улогата на Кралството Јордан во регионот, економските перспективи на земјите од овој регион, промените во геополитиката и хуманитарните предизвици во однос на состојбите во Сирија, Ирак и Либија, како и актуелната мигрантската криза.
Јордан важи за оаза на стабилност и мир на Блискиот Исток, иако е прв сосед на најголемите регионални кризни жаришта, “тампон зона“ помеѓу Израел и неговите регионални противници и крстопат помеѓу наголемите шиитски и сунитски држави.
Ново на Сител
-
Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите