Иванов: Не доликува на министер за внатрешни работи да шири шпекулации
Претседателот Ѓорге Иванов ги оцени како шпекулации информациите за можно прогласување на вонредна или воена состојба, по настаните во Собранието од 27 април.
- Изјавата на министерот за внатрешни работи дека јас сум бил вклучен, а слушавме и по неделници лажни вести, шпекулации за вклучување на армијата, нека проверат и нека видат. Од име на Советот за безбедност, со кој јас претседавам, беше доставено до министерот писмо доколку има такво нешто да го достави и за тоа да го извести Јавното обвинителство, што е и негова обврска. Досега немаме одговор на писмото ниту од МВР, ниту од министерот за внатрешни работи, ниту од сите надлежни институции каде што се водат овие прашања. Така што, не доликува на министер за внатрешни работи да дава шпекулации, непроверени изјави или да навлегува дека претседателот ќе прогласел вонредна состојба. Нека го прочитаат Уставот да видат прво што е вонредна состојба, кога се воведува вонредна состојба, што е воена состојба и кога се воведува. Како да им гарантирам дека ниту помислил некој, ниту дека има таков план, изјави Иванов во интервју за „Само Вистина“ на ТВ Канал 5.
Ново на Сител
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси
-
Тошковски: Не е утврдена вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
-
Што сработе МВР во 2024
-
На вонредна седница на Влада ќе ги замрзнеме цените ако има нагло поскапување, рече Дурмиши