Иванов-Свинг: ИОМ високо го цени ангажманот на Македонија во мигрантската криза

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во рамки на работната посета на Јордан и учеството на Светскиот економски форум за Блискиот Исток и Северна Африка, во Аман оствари средба со Вилијам Лејси Свинг, генерален директор на Меѓународната организација за миграција (ИОМ).
Двајцата соговорници, соопштуваат од Кабинетот на претседателот, размениле мислења за соработката меѓу Република Македонија и ИОМ, како и за активностите на организацијата на регионално и на глобално ниво.
Претседателот Иванов изразил благодарност за досегашната соработката што Република Македонија ја остварува со ИОМ, особено за поддршката во справувањето со мигрантската криза.
Генералниот директор изрази задоволство од односот и третманот на Република Македонија кон бегалците и мигрантите, согласно сите меѓународни стандарди и ги поздрави начините на кои земјата се справува со мигрантската криза.
На средбата претседателот Иванов изразил подготвеност за вклученост на Република Македонија во идните активности на ИОМ и продолжување на соработката согласно потребите на државата. На покана на Република Македонија, генерален директор на Меѓународната организација за миграција ќе ја посети Република Македонија.
Претседателот Иванов денеска учествува на Светскиот економски форум за Блискиот Исток и Северна Африка во Аман, каде ќе оствари повеќе билатерални средби.
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
