Иванов упати честитка до Трамп по повод Денот на независноста на САД
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов упати честитка до претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп по повод Денот на независноста на САД.
Честитајќи го Денот на независноста на САД, претседателот Иванов изразува увереност дека во престојниот период билатералните односи меѓу двете држави ќе се развиваат со уште посилна динамика, отворен и конструктивен дијалог на заемно разбирање и доверба и поцврсти и поинтензивни економски релации.
- Заложбите за полноправно членство на Република Македонија во НАТО Алијансата и евроатлантските интегративни процеси се фокусните точки на нашето континуирано политичко дејствување, за чие остварување очекуваме и во иднина отворена поддршка од страна на пријателските Соединети Американски Држави. Господине Претседателе и во оваа пригода сакам да потенцирам дека Република Македонија високо ја цени улогата на Соединетите Американски Држави на глобален план, и сакам да Ве уверам дека целосно сме посветени на зацврстување и на содржинско збогатување на стратегиското партнерство со Вашата голема нација. Бидете уверени дека сме подготвени за тесна и конструктивна соработка на тој план, нагласува претседателот Иванов во честитката.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден