Иванова: СОС Детско село им ги отвора вратите на згрижените деца за поубав и повесел свет
Под покровителство на Маја Иванова - сопругата на македонскиот претседател и на Австриската амбасада во Република Македонија вечерва во Македонски народен театар беше одбележана 15-годишнината од основањето на СОС Детско село.
- Се вели семејството е столб на секое општество, но што со децата кои ја немаат среќата и можноста да растат во своето биолошко семејство. Што се случува кога судбината ќе си поигра со нив и се оставени сами? Децата кои немаат семејство или пак се отфрлени од своето биолошко семејство немаат огромни барања за да се чувствуваат сакани. Малите моменти на внимание и топлина се доволни детето да се почувствува сакано, рече Иванова.
Токму во таквите случаи, како што нагласи, се препознава вистинската и незаменлива улога на СОС Детското село во животот на тие деца. - Пред сè, преку обезбедување на чувство на припадност, заштитеност кај децата згрижени во СОС Детското село, учење на вредности, но и одговорности, создавање на релации кои траат за цел живот, лекување на емоционалните рани, отфрлање на чувството на отуѓеност и оставеност, но и градење самодоверба, додаде таа.
Иванова ги поздрави СОС мајките и СОС родителите, чија улога, како што рече, е од највисоко и исклучително значење. - Тие со својата грижа и внимание, споделувајќи ги сите радости и таги кои ги носи секојдневието, им помагаат на децата да ја почувствуваат сигурноста на топлиот дом и љубовта од ближните и им помагаат да растат и да се развиваат во стабилна семејна средина, исправајќи ги пред животните предизвици како изградени, силни, независни личности и одговорни граѓани, додаде Иванова.
СОС Детското село, како што нагласи, им дава поддршка на децата во образовниот процес, ги прави подостапни здравствената заштита и основните здравствени услуги за згрижените деца, им обезбедува социјална нега и грижа, ги учи за нивните права, но и се бори истите да бидат подигнати и почитувани на уште повисоко ниво. - И, најмногу од се, им ги отвора вратите на згрижените деца за еден поубав, посветол и повесел свет, каде и тие имаат своја фамилија, каде и тие имаат и браќа и сестри, каде и тие се безгрижни и ослободени од проблемите на возрасните и на секојдневието, им ги отвора вратите за една светла и стабилна иднина во која и тие ги имаат истите права и можности, како и нивните врсници, рече Иванова.
Според неа, улогата на СОС Детското село е огромна за сите згрижени деца, затоа што од таму, како што рече, заминуваат како независни и изградени личности со вредности, знаења и вештини за самостоен живот.
Посочи дека Република Македонија во изминатиот период е соочена со еден од најголемите хуманитарни предизвици во денешно време, мигрантската криза, а од неодамна и СОС Детско село го прошири своето работење и со децата во прифатните пунктови во пограничните појаси.
Упатувајќи благодарност и повик до сите институции, невладини организации, поединци да продолжат или да се вклучат и да ја поддржат работата на СОС Детско село, Иванова рече дека сите ние имаме обврска да се потрудиме правата на децата да ги направиме приоритет, а децата пак можат да ни возвратат со тоа што ќе научат да уживаат во своето право на безгрижно детство.
Ново на Сител
-
Унгарија посилна од Катар, Македонија нема да игра четвртфинале
-
Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром
-
Вучиќ повика на објавување на документацијата за Железничката станица во Нови Сад која ја бара Градежниот факултет
-
Фицо: Се подготвува список на луѓе кои ќе бидат протерани од Словачка во врска со обидот за државен удар
-
Со пиштол на дијаболи повредено девојче во скопско училиште
-
Лишени од слобода двајца полициски службеници поради оддавање на службена тајна | ФОТО
-
Да нема преименување на градските улици, Сојуз на борците со отворено писмо до Касами
-
Израел ослободи 70 Палестинци, од предвидените 200