Иванови на одбележување на Св. Наум Охридски - Чудотворец на Попова Шапка

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов со сопругата Маја и синот Иван, денеска присуствуваше на одбележувањето на патрониот празник Свети Наум Охридски Чудотворец во манастирскиот комплекс на Попова Шапка.
Чествувањето започна со света божествена архијерејска литургија со која чиноначалствуваше митрополитот тетовско-гостиварски, господин Јосиф, во сослужение со повеќе свештенослужители.
Митрополитот, г. Јосиф, ги благослови и прережа кумските колачи со парички, а кои ги одредија кумовите за прославата на празникот Свети Наум Охридски Чудотворец во манастирскиот комплекс на Попова Шапка во 2018 година. Верниците кои ги пронајдоа паричките очекуваат во нивните семејства тоа да им донесе многу здравје, мир и благосостојба.
Г. Јосиф им ги честита претстојните божикни празници на сите верници и им посака здравје, среќа и бериќет. Тој изрази благодарност и до претседателот Иванов за неговото присуство на патрониот празник.
- Би сакал да се заблагодарам на претседателот Иванов и на неговото семејство што секогаш наоѓа време и секоја година доаѓа овде со нас, заедно да го чествуваме свети Наум Охридски Чудотворец. Потребна ни е вашата поткрепа и поддршка, му порача митрополитот тетовско- гостиварски на македонскиот претседател.
За сите верници кои денеска присуствуваа на чествувањето на патрониот празник во манастирскиот комплекс на Попова Шапка беше приредена заедничка трпеза.
Ново на Сител
-

Мицкоски: По две години успеваме да го консолидираме и земјоделството каде што наследивме катастрофа
-

Путин му го честиташе на Трамп Денот на независноста
-

Пожарот во Пробиштипскиот регион е изгаснат, изгорени овоштарници, житни култури, лозја, пчеларници и една куќа
-

Папа Лав XIV: САД се синоним за слобода поради начинот на кој ги пречекуваа имигрантите
-

Русите тврдат дека ја освоиле Костјантинивка, клучен град во Донецк
-

Мицкоски: Македонија забрзува, изградбата на автопатот Охрид-Кичево влегува во својата завршна фаза
-

МВР: При петрес во Македонски Брод пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
-

Стартува осминафиналната фаза на Светското првенство во фудбал
