Ивановски: Нашата цел е да изградиме двоколесечна електрифицирана пруга до 200 км на час за патнички и 120 км на час за товарен сообраќај

Планот е да има две пруги на релација Север-Југ. Сегашната пруга ќе се користи и ќе се исправат кривини на места каде е возможно за да се забрза сообраќајот, а втората ќе се гради колку што е можно поблизу до сегашната за што веќе се работи на испитување, вели директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски во неделното интервју за Радио Слободна Европа.
-Нашиот план има две компоненти. Првата е да ја задржиме постоечката пруга но мораме да ја исправиме каде што има големи кривини. Големи брзини од преку 120 км и преку 160 км на час не може да се постигнат без исправање на кривините. Во моментов се вршат испитувања и тие студии ќе покажат колку од оваа траса ќе ја задржиме, каде ќе има простор кривините да се исправат. Втората компонета е колку што може поблиску до сегашната траса да биде изградена и втората линија. Затоа овие околу 200 км пруга би биле двоколосечен сообраќај, но нема да бидат како автопатите, на пример еден да оди во правец на Србија, друг во правец на Грција, вели Ивановски.
Според него, во управувањето на железничкиот собраќај има друг тип на управување на возовите, но крајната наша цел е да има двоколосечна пруга за патнички сообраќај до 200 км на час и товарен до 120 км на час и секако ќе биде целосно електрифицирана.
-Токму во овој момент се прават физибилити студиите каде најдобро е да биде трасата на новата пруга, со тие исправување на старата пруга и паралелна до старата, изјави Ивановски.
Тој во интервјуто истакнува дека вредноста на изградбата би се движела околу 1,9 милијарди евра заедно со електрификација и сигнализација, а би се изградила за околу пет години.
МИА
Ново на Сител
-

Мексиканец со лименка пиво удрил полицаец во глава додека го легитимирал на „Октобер фест“ во Ѓорче Петров
-

Граѓаните револтирани: Ја кренале рампата и паркирале на пешачката патека долж ѕидот на Зоолошката во Градски парк
-

Уште едно лице почина од западнонилска треска, 11 пациенти се на Инфективна
-

Сиљановска-Давкова: Нашата човечка големина не е во совршеноста и безгрешноста, туку во храброста да признаеме грешка
-

Максим Димитриевски до СДСМ: Внимавајте да не ви се јави и ЗНАМ 3.0 !
-

Кои се тројцата луѓе во светот што можат да патуваат без пасош?
-

Мицкоски разговараше со Рубио во Њујорк: Потврдена важноста на стратешкото партнерство и на континуираниот политички дијалог со САД
-

Поради промена на Судечкиот совет, судењето против 13 полициски службеници поврзани со „Пулс“ почнува од почеток
