Избор на критичарите: Најдобар филм е „Беше еднаш во Холивуд“
Во Холивуд синоќа беа доделени наградите според Изборот на американско-канадските критичари, а онаа за најдобар филм ја доби „Беше еднаш во Холивуд“, на Квентин Тарантино. Филмот, според критичарите, го има и најдоброто оригинално сценарио.
Наградата за најдобра машка главна улога отиде кај Хоакин Феникс за филмот „Џокер“. Онаа за најдобра глумица – кај Рене Зелвегер за „Џуди“.
Наградата за режисер на годината ја поделија Бонг Џун Хо за филмот „Паразит“ и Сем Мендез за „1917“.
Најдобри споредни актери се Бред Пит („Беше еднаш во Холивуд“) и Лора Дерн („Брачна приказна“).
За најдобар млад глумец е прогласен Робин Грифин Дејвис во филмот „Џоџо Рабит“.
Најдоброто адаптирано сценарио, според критичарите, го има „Прекрасен ден во соседството“. Тоа е напишано од Ноа Харпстер и Мика Фицерман-Блу.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток