Избор на министри и заменици министри во Владата на собраниска седница
Предлогот за избор на членови на Влада на Република Македонија и Предлогот за именување заменици министри се на дневниот ред на денешната 100-та собраниска седница.
По завршувањето на 100-та, Собранието ќе ја одржи 98-та седница на која пратениците ќе расправаат по Дополнетиот предлог закон за нотаријатот и на законот за извршување.
Пратениците, како што е најавено, ќе расправаат и по предлог - законите за изменување и дополнување на Законот за градење, на Законот за јавните патишта, на Законот за сигурност во железничкиот систем и на Законот за превоз во патниот сообраќај, сите по скратена постапка.
На агендата се и предлог-законите за изменување на Законот за прогласување на старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење, на Законот за туристички развојни зони, на Законот за шумите, како и на Законот за персоналниот данок и на Законот за здравственото осигурување.
Ново на Сител
-
Рама: Мигрантите нема да смеат да излезат од кампот во Ѓадр
-
Фетаи: Замрзнувањето на балансерот нема да спречи нови вработувања
-
Фетаи: Во Академијата за судии и јавни обвинители веќе нема да има политизираност
-
Наутро ладно, преку ден топло - заладување од четврток
-
Поддршка од стотина членки на ОН за Гутереш откако Израел го прогласи за непожелен
-
Макрон: Хезболах веднаш да ги прекине нападите врз Израел
-
21 година од смртта на Ѓорѓи Колозов
-
Македонските фудбалери вечерва играат против Ерменија