Изборниот штаб на Харис го обвини Трамп дека се обидува да ги промени условите на дебатата во своја корист

Изборниот штаб на Камала Харис, американската потпретседателка и најверојатна кандидатка на демократите на претстојните избори во ноември, денеска го обвини поранешниот американски претседател и републикански кандидат Доналд Трамп дека се обидува да ги промени условите на дебатата за Еј-Би-Си Њуз, закажана за 10 септември, за да создаде опкружување за дебата што може да му даде предност.
Трамп вчера на неговата платформа Вистина (Truth Social) објави дека се договорил со Фокс Њуз да се одржи дебата на 4 септември, со присуство на модераторите на телевизијата и публика, пренесе Си-Ен-Би-Си (CNBC).
Трамп притоа оцени дека актуелниот судски спор со Еј-Би-Си Њуз претставува „конфликт на интереси“.
-Доналд Трамп е исплашен и се обидува да се повлече од дебатата на која веќе се согласил и потрча директно до Фокс њуз да го спасат, рече Мајкл Тајлер, портпарол на кампањата на Камала Харис.
Според Тајлер, Трамп „треба да престане да игра игри и да се појави на дебатата на која веќе се обврза на 10 септември“.
Тимот на кампањата на Трамп не одговори веднаш на барањето за коментар на нападот од кампањата на Харис.
Неколку дена откако актуелниот американски претседател Џозеф Бајден се откажа и ја поддржа Камала Харис за кандидатка на демократите, Трамп изјави дека е подготвен повеќе пати да дебатира со американската потпретседателка, но подоцна изјави дека ќе учествува во дебатата само откако демократите официјално ја номинираат за кандидатка.
Ново на Сител
-

Шверцувале цигари и лекови, цариник им давал информации за контролите
-

Лекарска комора го осуди физичкиот напад врз гинекологот Огненовиќ
-

Мицкоски од Њујорк: Македонија е жртва на булинг во Европа
-

Јулските плати зголемени за 2 евра во однос на јуни
-

25. годишна конференција на Македонска берза
-

СДСМ со законски измени ќе им помага на земјоделците, ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваат СДСМ за неисплатени субвенции
-

Прв случај на западно-нилска треска и во Сарај, ИЈЗ апелира граѓаните да се заштитат
-

За 3 години изгореле речиси 83 илјади хектари шума, штетата е над 133 милиони евра, констатира ДЗР
