Избрани кандидатите на ЗНАМ за носители на листите за пратеници

Движење ЗНАМ – За наша Македонија в недела од 13 часот во СРЦ Кале ќе ги претстави кандидатите за носители на листи за пратеници во шесте изборни единици за Парламентарните избори. На прес-конференција нив денеска ги соопшти Никола Мемов, портпарол на ЗНАМ, кој рече дека органите на партијата, нејзините извршен и централен одбор, вчера со акламација ја донеле одлуката за нивниот избор.
Двајца носители на листи се потпретседатели на партијата на Максим Димитриевски. Листата во Петтата изборна единица ќе ја предводи Весна Бендевска, поранешна пратеничка и член на КСЗД, по професија психолог, а носител на листата во Изборната единица 3 ќе биде Павле Арсовски, генерал-мајор во пензија, доктор по историски науки.
Носител на листата во Изборна единица 1 е Бобан Карапејовски, професор на Филолошкиот факултет на УКИМ, член на Извршниот одбор на Движењето ЗНАМ.
Носител во ИЕ2 ќе биде Даниел Стојчевски, м-р по кривично право, директор на ЈП Чистота и зеленило во Куманово и претседател на Општинската организација на ЗНАМ во тој град.
Во ИЕ4 листата ќе ја предводи економистот Миле Цеков, претседател на Стопанска комора на југоисточна Македонија и претседател на ОО на ЗНАМ во Струмица. За носител на листата во ИЕ6 е избран Небојша Захариевски, правник и претседател на ОО на ЗНАМ во Тетово.
-Кандидирани се луѓе кои се нови во политиката, стручни во областите во коишто работат, чесни, луѓе со карактер и вистински вредности, но и луѓе кои веќе имаат политичко искуство со чист образ, рече Мемов на прес-конференцијата.
На конвенцијата в недела на која тие ќе бидат претставени, ќе се обрати претседателот на ЗНАМ и кандидат за претседател на државата Максим Димитриевски. Мемов рече дека конвенцијата во СРЦ Кале е отворена за сите граѓани кои сакаат да присуствуваат.
На новинарско прашање Мемов одговори дека генералниот секретар и шеф на Изборниот штаб на ЗНАМ, Горан Минчев, бил предложен за носител на листата во Втората изборна единица, но на негово барање ќе биде на реден број 20 на листата за пратеници.
-Горан Минчев е човек со огромно политичко искуство. Тој со личен пример упатува порака дека ние од ЗНАМ се разликуваме од другите, дека не се ставаат личните интереси и борбата за функции во прв план. Нашите мотиви за општествениот ангажман се од идеолошка природа, не од лична, истакна портпаролот на Движење ЗНАМ.
Ново на Сител
-

Исчистен дел од одроните на патот Берово - Струмица, сообраќајот се одвива по една коловозна лента
-

Во прекин сообраќајот на патот Берово - Струмица
-

Поднесено обвинение против градоначалникот на Будимпешта бидејќи дозволил одржување на Парада на гордоста
-

Трамп повторно му се закани на Иран
-

Кривична пријава против струмичанка за присвојување осум мобилни телефони од продажен салон во Гевгелија
-

Радосна вест од Скопска ЗОО: Џуџестите мармозети добија близначиња
-

Петмина кандидати за државен јавен обвинител, кандидатурите испратени во Влада
-

Тошковски - Кочиу: Пред летната сезона ќе го профункционира One Stop Shop меѓу двете држави
