Македонија
28. јуни 2024 - 18:03

Избувна пожар во куќа во Арачиново

Вчера во 10.30 часот во СВР Скопје Н.Б.(71) од с.Арачиново,скопско, пријавил дека на 26.06.2024 околу 11.30 часот настанал пожар во неговата куќа.

Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје.

Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.