Македонија
1. November 2015 - 13:14

Издадени нови 2.249 потврди за барање азил

Во текот на изминатиот ден (во период од 08.00 до 24.00 часот) издадени им се потврди на вкупно 2.249 странски државјани, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од нив, 1.140 се од машки пол, 379 се од женски, 636 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 94 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија (1.133), Авганистан (811), Ирак (103) додека другите се во помал број.

Во периодот од 19 јуни 2015 до 31 октомври 2015 година во 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 200.238 странски државјани, од кои 122.569 се од машки пол, 29.021 се од женски, 39.315 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 9.333 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија (129.906), потоа Авганистан (40.234), Ирак (15.494), Пакистан (4.293), Иран (3.441), Палестина (1.698), Сомалија (990), Бангладеш (929), Конго (498), Нигерија (258), Камерун (225), Еритреја (212), додека останатите се во помал број.

- Во периодот од 08.00 часот на 31.10.2015 до 31.10.2015 година во 24.00 часот до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, информира МВР.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 31 октомври 2015 година до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 51 барање се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан, од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.