Изетбеговиќ: БиХ нема да оди во НАТО ако тоа не го сакаат Србите и РС
Претседателот на бошњачката Партија на демократска акција (СДА) Бакир Изетбеговиќ изјави дека Бих нема да влегува во НАТО ако тоа не го сакаат Србите и република Српска.
“Во оваа земја веќе никој нема ништо да му наметнува на некого. Кога станува збор за Србите и Република Српска, ако не сакаат во НАТО – нема да се оди во НАТО, рече синоќа Изетбеговиќ во емисија на РТРС.
Сепак, тој потенцира дека Годишната национална програма за НАТО мора да биде испратена во Брисел затоа што претставува спроведување на претходно донесени одлуки.
Тој исто така рече дека Советот на министри нема да биде формиран без изборни победници од Република Српска и ја отфрли можноста за формирање власт на ниво на БиХ со опозициска партија во РС.
Лидерот на СДА објасни зошто не ја нарекува Република Српска со нејзиното цело име, туку „ентитет РС“.
– Не ми се допаѓа дел од БиХ да се вика по еден народ, па и да е тоа по мојот народ, рече Изетбеговиќ.
Ново на Сител
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите
-
Седуммесечно бебе паднало од импровизиран кревет