Балкан
16. September 2020 - 9:21

Изетбеговиќ и Човиќ денеска ќе разговараат за долгоочекуваните измени на Изборниот закон во БиХ

Лидерите на Партијата за демократска акција (СДА) и на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Бакир Изетбеговиќ и Драган Ѓовиќ ќе се сретнат денеска во зградата на Парламентарното собрание на БиХ за да разговараат за измените на Изборниот закон.

Двајцата лидери со години неуспешно преговараа за измените на Изборниот закон, за денеска да се состанат по првпат од потпишувањето на договорот за Мостар.

Како што пренесува порталот Кликс, не треба да се очекува многу од првата средба, но се верува дека до крајот на годината ќе биде постигнат договор.

Изетбеговиќ изјави дека ќе се сретне со Човиќ и дека не очекува некои посебни промени. – Ветивме дека ќе се сретнеме и тоа е она што го правиме, рече тој.

Човиќ потврди дека ќе се одржи состанок, истакнувајќи дека треба да се овозможи „легитимно застапување на Хрватите“.

Во јули, Домот на народите на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина усвои предлог-закон за измени на Изборниот закон на БиХ, што се однесува на градот Мостар. Со измените се овозможува

одржување на избори во поделениот град во јужниот дел на БиХ, првпат по 12 години. Барањето за измени на Изборниот закон беше поднесено од пратениците на Партијата за демократска акција (СДА) и
Хрватска демократска заедница БиХ (ХДЗ), откако лидерите на двете партии Бакир политички договори за изборите во Мостар и за измени на Изборниот закон.

Договорот е постигнат по пресудата од Судот за човекови права во Стразбур.