Изгореа борова шума и трева во неколку пробиштипски села
Од 250 до 300 хектари борова шума и трева изгореа за 24 часа во пробиштипските села Неокази, Трипатанци, Бунеш, Ратавици. Градоначалникот на Општина Пробиштип Драган Анастасов вели дека пожарот синоќа е целосно изгаснат, благодарение на дождот. Посочува дека овој пожар бил опасен за месното население, бидејќи огнот се доближил на три метри од првата куќа во село Неокази, а исто така бил опасен и за пожарникарите од ТППЕ Пробиштип, Кавадарци и Штип, кои учествувале во неговото гаснење.
-Приоритет на сите нас беше да се спасат домовите на самите луѓе за да нема поголема материјална штета. Она коешто денеска се констатира е дека има изгорено борова шума, а домови и друга инфаструктура нема оштетено, вели Анастасов.
Прашан дали има голема материјална штета на фотоволтаичната централа, која е во непосредна близина на опожарената борова шума, Анастасов вели дека денеска ќе се утврдуваат колкави се штети од пожарите на територија на Општина Пробиштип.
Двата пожари во Пробиштипско се предизвикани по електрични празнења, односно од громови, за што сведочат и жителите на селата во чии атари беа пожарите.
Анастасов вели дека и денеска дежураат пожарникарите од ТППЕ-Пробиштип, забележано е тлеење на дрва, во опожарениот дел.
Ново на Сител
-
Македонските ракометари се пласираа во Главната рунда на СП 2025
-
Двајца малолетници пронајдени мртви во гаража во Рашка
-
Првите три заложнички што ги ослободи Хамас префрлени во Израел
-
Горан Димовски го извлече Светиот Крст во Кратово
-
Јаневска: Реформите во образованието ќе значат поставување темел на успех и просперитет на државата
-
Повеќе од 35 проценти од училиштата во Србија утре нема да почнат со настава
-
Ѓоковиќ го повтори достигнувањето на Федерер на Грен слем турнирите
-
Смотрич се закани дека ќе ја собори владата доколку Израел не ја окупира Газа